Ја претепал мајка му бидејќи не му дала пари
04.09.2014 10:17
| KumanovoNews
Е.К.(21) од Куманово ја претепал мајка му затоа што одбила да му даде пари.
Во нивната семејна куќа во средината на август годинава Е.К. прво се скарал со мајка му затоа што не сакала да му даде пари, а потоа ја нападнал и физички. Тој ја удирал со клоци и тупаници во пределот на главата и телото и од неа одзел 200 евра. Од тепањето Е.К. на жената и нанел тешка телесна повреда во пределот на главата.
Против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело тешка телесна повреда.