Како да им помогнеме на старите лица?
Волонтери од Црвен Крст Куманово денеска на Градскиот плоштад делеа флаери со совети како да им се помогне на старите лица.
Целта е преку вакви активности да се поттикнат младите да им помагаат на изнемоштените лица.
Овие флаери ги делиме по повод Недела на стари лица. Во флаерите пишува како треба да се однесуваме кон нив, дека треба да ги почитуваме, да бидеме добри, да им помагаме на секој начин - изјави Марија Суботиќ, волонтер во Црвен Крст Куманово.
Во флаерите е наведено дека младите можат да им испеглаат алишта на старите, да им го полијат цвеќето, да ги однесат на лекар, да им купат намирници, да им го исчистат домот, да им зготват топол оброк. Има и совети кои велат дека старите луѓе треба да се сослушаат при носење на семејни одлуки,да не бидат избегнувани и слично.