Мени

Камера и пакетчиња за децата со хендикеп

23.12.2011 15:36 | KumanovoNews

 Градоначалникот Зоран Дамјановски, денеска однесе подароци за децата кои престојуваат во двата дневни центри за лица со интелектуална попреченост. При тоа им подари видео камери и пакетчиња.

Камера и пакетчиња за децата со хендикеп

Секоја година ги посетуваме децата со попреченост и им носиме пакетчиња, а оваа година им донесовме и видео камера, за ги забележат нивните активности. Локалната самоуправа ќе помогне во функционирањето на „Порака-Наша„ и во наредната година, и со амандаман да ги зголемиме сретствата од 900.000 на 1.1 милион денари на годишно ниво. Истовремено ќе обезбедиме и бесплатен превоз во автобусите на градскиот сообраќај- вели градоначалникот Дамјановски.

Во двата центри беа поделени околу 60 пакетчиња.Од „Порака-Наша„ се задоволни од вниманието на градоначалникот и неговиот кабинет, и се надеваат дека таа соработка ќе продолжи и во Новата година.

Градоначалникот е чест гост во нашиот центар и традиционално ни носи подароци за Нова година. Ја искористивме приликата да позборуваме и за финансирањето на центарот и се договоривме сретствата да бидат зголемени за наредната година- вели Благица Димитровска.