Мени

Кампања за борба против расизам во Куманово

15.10.2014 14:04 | KumanovoNews

Кампања за борба против расизам и дискриминација денеска се одржа на \nГрадскиот плоштад во Куманово, во организација на “Ромски младински форум“.

Кампања за борба против расизам во Куманово

Ученици од „11 октомври“  со музички точки и пантомима ги анимираа кумановци и испратија порака дека различностите во општеството треба да бидат прифатени и да се почитуваат.

Дел сме од Фаре мрежа и кампањата. Фаре  е светска мрежа за борба против расизмот и дискриминацијата. Од 9 до 20 октомври се одржува кампања преку фудбалот како алатка за борбата против расизмот, дискриминација и нетолеранција. Целта е да се зголеми свеста кај јавноста за почитување на разликите - вели Анифе Себединовска од “Ромски младински форум“.

На настанот присуствуваа ученици, деца со посебни потреби и граѓани.