Мени

Кампања за намалување на предрасудите за Ромите

08.10.2014 13:00 | KumanovoNews

Националниот ромски центар денеска организираше кампања за \nнамалување на предрасудите кон Ромите под мотото  “Доста е. Надмини ги \nпредрасудите, запознај ги Ромите!„.

Кампања за намалување на предрасудите за Ромите

На платото пред Центарот за култура, ученици од основните и средните училишта во градот изработуваа цртежи на кои ќе прикажат мултиетничност и колку тие ги познаваат Ромите.

 “Минувачите ќе можат да ги видат цртежите, а воедно тие исти групи на платно ќе пишуваат пароли, графити зависно што ќе изберат. Стереотипите и предрасудите не можеме да ги искорениме со овој настан, но сепак ќе влијаеме да се намалат. Секој од Куманово и Македонија ги знае типичните стереотипи “Лажеш како Циганин, крадеш како Циганин“. Од самите предрасуди и стереотипи произлегува дискриминацијата“ - вели Ирфан Мартес, координатор на младински актив во НРЦ.

Учесниците велат дека луѓето треба да се дружат без разлика на националноста и затоа е важно да се намалат предрасудите.

 „Ние сме во мешан состав, сакаме да нема разлика меѓу едни и други. Да има дружење, почитување и да видиме дека и уметноста е таа која нема граници за едни или за други“ - вели Марија Зоксимовска, професор по ликовна уметност во “Браќа Миладиновци“.

Кампањата се спроведува со поддршка на Советот на Европа, како дел од програмата Roma Prade.