Kанцеларија за правна помош во ДАЈА
Во просториите на Ромската организација на жени Даја-Куманово, еден месец работи канцеларија за правна помош на граѓаните од ромска националност, каде можат да добијат правен совет за проблеми во домувањето, законот за работни односи, закон за вработување, здравствена заштита и образование.
Истовремено обезбедуват и бесплатни правни услуги и судско застапување во случај на дискриминација.
Во рамките на оваа програма финансиски подржана од „ABA ROLI„ предвидена е јавна правна едукација во Ромските заедници - Локална правна школа, каде што правниците ќе говорат за правните механизми достапни за Ромите и заштита на нивните права. Ќе се дискутира за политиките, и процедури кои ќе го олесни пристапот до владините услуги и заштита. Ќе се организира кампања за подигање на свеста за користење на правна помош кај ромското население. Кампањата ќе биде презентирана во медиумите и со директна дистрибуција на информациониот материјал и Прирачник за остварување на правата, кој за оваа намена ќе биде изготвен.
Предвидени се и тркалезни маси помеѓу ромските лидери и државните институции, владиниот персонал и граѓански организации кои ќе се залагаат за градење на доверба и заштита на нивните права- велат од организацијата.
Регионалната програма е насочена кон зголемување на пристапот до правдата меѓу ромските заедници во Бугарија, Македонија, Србија и Романија.