Караулата “Длабочица“ ќе ја користат планинарите
Планинарите од Спортско рекреативниот клуб “Козјак“ во иднина времено ќе користат дел од објектот на караулата “Длабочица“. Дополнително ќе се потпише договор кој ќе го регулира начинот на користење на две простории од објектот.
Ние имаме корисничко право на Караула “Длабочица“ која е доделена со касарната “Христијан Тодоровски - Карпош“. Со одлука на Влада касарната е вратена. Има шест - седум простории кои се во добра состојба. Објектот е граден во 1990 година. Треба да се вложат пари и треба варосување. Времено да го дадеме додека да го трансформираме, да стават ранци, шатори кога прават маршови планинарите - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Тој додаде дека инфраструктурата до Длабочица е лоша, но локалната самоуправа нема ингеренции на ова поле. До местото се пешачи 2 км. И советниците го делат мислењето дека доколку објектот на Караулата се користи делумно ќе биде оддржуван. Претходно планинарите имале на располагање три планинарски домови, но во пожар сместувачките капацитети се уништени, а реновирање немало во последниве три години.
Локалната самоуправа пред неколку години најавуваше дека караулата во Длабочица е предвидена за детско одморалиште, слично како што беше она во селото Матејче.