Караванот „Купи куќа, купи стан“ ќе го посети и Куманово
28.08.2015 10:39
| KumanovoNews
Караванот „Купи куќа, купи стан“ на Министерството за финансии продолжува од септември при што ќе биде посетено и Куманово.
На граѓаните ќе им биде објаснето кои се поволностите на овој проект за купување на стан. На ниво на држава досега 630 семејства со проектот “Купи куќа, купи стан“ го решиле станбеното прашање. Од нив 70 проценти се од Скопје, но интерес има и во внатрешноста на Македонија. Во Куманово 28 семејства си обезбедиле покрив над глава преку овој проект.