Католиците денеска слават Божиќ
25.12.2011 10:40
| KumanovoNews
Католиците денеска го слават раѓањето Христово - Божиќ. По тој повод насекаде низ светот се одржаа полноќни миси во слава на Спасителот, а традиционално главната церемонија се одржуваше во Рим, каде богослужеше Папата Бенедикт ХVI.
Католички Божиќ се слави и во Македонија. По повод големиот празник честитка до верниците од католичка вероисповед упати бискупот Киро Стојанов и претседателот Ѓорѓе Иванов.
Празникот им го честита и Здружението на Хрватите во Куманово.