Мени

Казна од 35 евра за испрскан пешак

10.02.2012 15:15 | KumanovoNews

Kазна од 35 евра и 15 казнени поени ќе добијат возачите што ќе ги испрскаат пешаци во овие снежни денови. Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека возачите можат да бидат казнети на лице место или пак доколку ја пријавите регистерската табличка на возилото.

Казна од 35 евра за испрскан пешак

Граѓаните многу често се жалат дека поради неприлагодена брзина, несовесни возачи ја прскаат водата од улица на нивната облека. Многу малку се знае дека и само со пријавување на регистрацијата, возачот ќе биде казнет за прекршување на сообраќајните правила.