Мени

Казнети полицајци од Белановце

05.03.2012 09:55 | KumanovoNews

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 4 решенија против вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

Казнети полицајци од Белановце

Притоа, на сите име вработени изречена им е мерка парична казна.

А.Ш., полицајка во Полициска станица за граничен надзор Белановце нападнала колешка. Изречена и е парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од четири месеци.

Ј.К., водич на патролен тим во Полициска станица за граничен надзор Белановце, добил парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од три месеци. Тој не се придржувал кон наредбата по планот за извршување на работните задачи.

С.И. и В.М., полицајци во Полициска станица за граничен надзор Белановце, изречена им е парична казна во износ од 10% од месечната плата во траење од два месеци, потади непридржување кон наредбата по планот за извршување на работните задачи.