Казнети повеќе вработени во СВР Куманово и на Табановце
Изминатава недела изречени се казни за повеќе вработени од СВР Куманово и полицајци од граничен премин Табановце, кои несовесно си ја извршувале работата.
На полицаец во Полициска станица од општа надлежност Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка парична казна во висина од 15% од месечната плата, за три месеци затоа што не изготвил записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило.
На началник на Одделение за полиција Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка парична казна во висина од 15% од месечната плата за четири месеци, затоа што одбил да изврши наредба од претпоставен старешина, недолично се однесувал спрема Комисијата за утврдување на дисциплинска постапка и не определил приоритет во работењето со оперативна информација.
На полицаец во ПС ОН Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка писмено предупредување, бидејќи не изготвил записник за констатиран прекршок по член 13 од ЗППЈРМ и платен налог на лице кое го навредило.
На советник за правни работи и човечки ресурси, во одделение за заеднички работи, СВР Куманово, изречена му е мерка писмено предупредување поради тоа што несовесно ги извршувал работните обврски.
На помошник дежурен во СВР Куманово, изречена му е мерка писмено предупредување затоа што несовесно ги извршувал работните задачи.
На водич на безбедносен реон ПС од ОН Куманово, СВР Куманово, СВР Куманово, изречена му е мерка писмено предупредување. Тој не дал конкретни насоки за постапување на полициските службеници.
На главен инспектор-раководител ОКП СВР Куманово, изречена му е мерка запирање на постапката, бидејќи нема повреда во работењето.
На полицаец ПС за ГП и СВР Куманово, изречена му е мерка писмено предупредување. Направил техничка грешка при внесување на лица во системот за контрола на лица и возила.
На двајца полицајци во ПС за ГП Табановце, РЦ за ГР Север, изречена им е мерка парична казна, во висина од 15% од месечната плата за три месеци. Дозволиле излез од РМ на возило, управувано од хрватски државјанин, а кое возило од страна на Рента кар агенција било пријавено за украдено и бил приложен договор за изнајмување на возилото на име на друг хрватски државјанин.