Мени

Казни за непочитување на Законот за трговија

22.04.2015 09:11 | KumanovoNews

Државниот пазарен инспекторат од 14 до 19 април казни повеќе фирми во Куманово, за непочитување на Законот за трговија и други прекршоци.

Казни за непочитување на Законот за трговија

Издадена е една мандатна казна по Закон за трговија во износ од 36.900 денари, издадени се 6 шест решенија за привремена забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена по Закон за трговија.

Издадено е едно решение со наредба за остранување на недостаток, обезбедување на сертификат по Закон за градежни производи и издадени се 6 платни налози по Закон за трговија во износ од 73.800 денари. Одземена е стока по Закон за трговија во износ од 86.687 денари.

Поднесено е едно барање до Основен суд Куманово по Закон за трговски друштва и поднесена е една Кривична пријава до Основно Јавно обвинителство во Куманово, поради симнување или оштетување на службен печат или знак.