Мени

Керамички садови и делови од архитектура откриени на Градиште

09.09.2014 09:06 | KumanovoNews

Значајни наоди, керамички садови и делови од архитектура се најдени при неодамнешните ископувања на локалитетот Градиште кај Пелинце.

Керамички садови и делови од архитектура откриени на Градиште

Тие се многу важни за определување на културните обележја на праисторискиот период во североисточна Македонија.

Археолошкиот локалитет Градиште кај Пелинце претставува комплексно повеќеслојно наоѓалиште. Од страна на Музеј Куманово се истражува уште од осумдесетите години, кога беше откриено уникатно светилиште од раното бронзено време. Оттогаш, ископувањата се сконцентрирани на населбинското плато, каде што се регистрирани хоризонти на живеење од доцното бронзено време, преодниот период, раното и полното железно време, раната антика и траги на употреба и од римскиот период - стои во соопштението на Министерството за култура.

На ископувањата работеа археолози од Музеј Куманово заедно со стручни лица од Археолошки музеј на Македонија.