Мени

Киното не работи, кумановци носталгични

04.08.2012 06:28 | KumanovoNews

 Упатените сметаат дека прво државата не се труди доволно да ги заживее кината, а од друга страна и помладите генерации немаат навика филмовите да ги гледаат на големо платно.

Киното не работи, кумановци носталгични

 Единственото кино во градот, киното “Козјак“ со години не функционира. Упатените сметаат дека прво државата не се труди доволно да ги заживее кината, а од друга страна и помладите генерации немаат навика филмовите да ги гледаат на големо платно. Според нив треба да се реши и проблемот со пиратеријата.

Кумановци со носталгија се сеќаваат на старите времиња кога немале други места за забава и редовно оделе во кино.

Ако сега ноќниот живот почнува во 11 часот, тогаш во толку завршуваше. Со сопругот одевме многу пати на кино. Ни фали и сега. Беше убаво. Многу луѓе таму се запознале и долги години се заедно - вели Зорица Крстиќ од Куманово.

Управителот на МКЦ “Козјак“, Мирослав Крстевски тврди декка во последниве десет години во кино салите публика нема. Според него новите филмови се скапи, а никој нема да ги набави ако знае дека парите нема да му се вратат. Додава дека и кината кои работат во држвата имаат лош репертоар.

 Телевизиите станаа филмовизии. Со овие видеотеки, пиратски цедеа, гледаноста во кината стана многу мала. Порано успешно работевме. Имавме проекции шест дена во неделата и толку многу посетители што не знаевме што со нив да правиме. Сега треба за едно кино и нова опрема да се набави која е скапа. Салата ја имаме ама ќе мора да ја пренамениме за да опстанеме економски. Ги прикажувавме “Панкот не е мртов“ уште пред да оди на фестивал, филмот нов на Теона Митевска, уште еден словенечки филм , ама посетеност нема. На првото прикажување имаше 15 луѓе, следните денови уште послабо - додава Крстевски.

Крстевски вели дека 80 отсто од програмата на телевизиите се состои од емитување на филмови. Пред две години во киното “Козјак “ се прикажувани детски филмови со цел публиката да се анимира, но интерес  немало .