“Киро Бурназ“ има најмногу слободни места
Во сите средни училишта во градот има слободни места за упис на ученици и во вториот рок.
Во Гимназијата “Гоце Делчев“ останале уште 30 слободни места.
Во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ треба да се запишат уште 47 ученици за машинска струка, 51 за електротехничка струка и 42 места има за медицинска струка на македонски наставен јазик. На албански јазик во истото училиште има слободни 34 места за машински техничари и 22 места за електротехничари.
Во Економското училиште “Перо Наков“ за економски техничари има 5 места, за деловни секретари 29 места, банкарски техничари 11 места, техничари за трговија и маркетинг 45 места. За техничари за обувки има уште 27 места, за конфекциски техничари 29 места, техничари за дизајн на облека 27 места. Економското училиште има вкупно 173 слободни места.
Во Земјоделското училиште има 442 места. За ветеринарна струка има 29 слободни места на македонски наставен јазик и 34 на албански јазик. Техничари за фармерско производство на македонски наставен јазик ќе се запишат уште 23, а на албански јазик 30 ученици. Техничари за агроменаџмент 23 на македонски јазик и 34 на албански јазик. За козметичари има 14 места за Македонци и 32 за Албанци. За автомеханичар мехатроничар има 61 место. Во Земјоделското училиште “Киро Бурназ“ треба да се запишат уште 30 пекари и 25 фризери.
Вториот уписен рок за средношколци во прва година е на 16 месецов.