Мени

“Киро Бурназ“ одбележа 64 години постоење

13.10.2014 14:30 | KumanovoNews

Средното земјоделско училиште “Киро Бурназ“ денеска одбележува 64 години постоење и успешна работа.

“Киро Бурназ“ одбележа 64 години постоење

За прослава на патрониот празник во училиштето беше организирана приредба. Директорката Весна Трајковска потсети дека училиштето почнало да работи со две паралелки, а денес во “Киро Бурназ“ се образуваат 550 ученици распоредени во 35 паралелки на македонски и албански наставен јазик.

“Продуцираме кадар кој е доста способен, наоѓа работа, си го наоѓа своето место во градот и пошироко. Во текот на оваа година она што за нас е важно е што конечно сме приклучени на канализациона мрежа и направивме реновирање на неколку санитарни јазли. Тоа е со помош од општината и  минимално наши средства, односно не чинеше околу 40.000 денари. Проектот беше готов од минатата година, но оваа година е финиширан“- изјави Трајковска.

На прославата преку видео презентација беа промовирани активностите на училиштето. На патронатот присуствуваа претставници од општина Куманово, советници, вработени во основни и средни училишта и други.