Мени

Кочан зима, во Куманово -14

01.02.2012 09:48 | KumanovoNews

 Граѓаните кои утринава во 6 часот морале да излезат од своите домови и ја мереле температурата на мобилните телефони велат дека било -14 степени.

Кочан зима, во Куманово -14

Утринава во Куманово е измерена температура од -14 степени Целзиусови. На официјалниот сајт на УХМР нема информација за температурата во Куманово, но во Скопје биле измерени -13.9, додека во Крива Паланка -14.2 степени.

Граѓаните кои утринава во 6 часот морале да излезат од своите домови велат дека било кочан ладно, а термометрите на мобилните телефони покажувале  -14 степени.

Според Управата за хидрометеоролошки работи претпладне времето ќе биде умерено студено и значително облачно. Попладне ќе има  врнежи од снег, кои ќе се интензивираат во вечерните и ноќните часови. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, кој ќе услови појава на снежни наноси.

Врнежи од снег ќе има и во текот на наредните три дена, кога минималната температура ќе се движи околу -4 степени целзиусови, додека пак дневната ќе достигне до 5 степени.

Се очекува врнежите да престанат во недела, за кога се предвидува облачно и постудено време со минимална температура до – 11 степени целзиусови.