„Кочо Рацин“ ќе избира најеко паралелки
04.06.2015 09:29
| KumanovoNews
Основното училиште „Кочо Рацин“ последниве месец дена спроведува проект за избор на најеко паралелки во рамки на училиштето.
Учениците се натпреваруваат така што собираат стара хартија од дома, од третратки и наместо да ја фрлаат, ја чуваат за рециклирање.
Целта на проектот е да не се загадува околината. Наместо да ја фрлаат хартијата, учениците ја собираат за рециклирање. Во проектот се вклучени и родителите и наставниците. Има голем интерес и ударно ќе биде на 8 и 9 јуни, кога ќе заврши годината, тетратки повеќе нема да им требаат, ќе се измери собраната хартија и ќе бидат наградени трите најеко паралелки“ - изјави Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во „Кочо Рацин“.
За најеко паралелките ќе има дипломи, благодарници и пофалници.