Кокаин пронајден кај матејчанец
13.06.2012 13:49
| KumanovoNews
А.Е.(48) од Матејче е фатен со 2,9 грама кокаин.
Вчера на улицата „Ило Лола Рибар„, полицијата по претходно добиени оперативни сознанија извршила претрес на А.Е, при што кај него ја нашла дрогата.
Кумановската полиција му поднесе кривична пријава за неовластено пороизводство и пуштање во промет на наркотични дроги.
А.Е. од порано и е познат на полицијата поради истото кривично дело.