Кокино инспирација на француска сликарка
21.10.2014 14:08
| KumanovoNews
Француската сликарка Флер Елен, ги изложи своите дела кои ги изработи инспирирана од убавините на опсераторијата Кокино, на изложбата “За каменот“ во Скопје.
Таа лани преку проект на регионот Долна Нормандија престојувала во Македонија и го посетила Кокино, каде направила археолошки истражувања. Она што таму го видела го преточила во цртежи изработени со јаглен.
Изложбата засега можат да ја погледнат жителите на главниот град.