Мени

Комерцијална банка донираше храна за сиромашно семејство

16.10.2014 15:40 | KumanovoNews

По повод Светскиот ден на гладта, Комерцијална банка филијала \nКуманово денеска донираше пакет со храна на семејството Стефановиќ, од \nнаселбата Зелен Рид.

Комерцијална банка донираше храна за сиромашно семејство

Помошта им ја однесоа социјалните работници од Центар за социјални работи Куманово.

На иницијатива на Комерцијална банка донирани се прехранбени продукти кои денеска ги однесовме во семејството. Се работи за четиричлено семејство во кое децата се со умерена ментална ретардација. Тие не можат сами да се грижат за себе, мајката е болна, таткото е пензионер и имаат минимални средства за живот. Живеат во многу лоши материјални и хигиенски услови“. - вели Сузана Трајковска, социјален работник во Центар за социјални работи Куманово.

Сите хумани граѓани кои сакаат да му помогнат на семејството Стефановиќ, можат да се обратат во Центарот за социјални работи.