Комуналци од Куманово и Скопје ќе расчистуваат во Тоде Мендол
Надлежните државни комунални, медицински и санитарни институции, во соработка со општина Куманово и град Скопје, ќе пристапат кон расчистување на теренот во населбата Тоде Мендол.
Ова денеска е одлучено на седницата која министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и министерот за локална самоуправа, Лирим Шабани ја одржаа во просториите на општина Куманово заедно со претставници од повеќе установи и институции од градот.
Владата на последната седница одлучи да се изврши обесштетување во висина од 100% од проценетата штета на терен. Имено, на семејствата чиишто домови се оштетени во акцијата во мерка која не дозволува услови за престој ќе им се обезбеди сместување во периодот потребен за санација на нивните домови или додека трае санацијата ќе добиваат финансиски надомест за закуп на простории односно кирија2 - стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.
На овие семејства ќе им додели и првична еднократна хуманитарна помош од 100 000 денари за секој оштетен дом.