Конкурирале 35 лекари за пет работни места
26.07.2012 12:52
| KumanovoNews
На конкурсот објавен за прием на лекари во Општа болница Куманово се пријавиле 35 кандидати, а ќе бидат примени само пет лекари.
Меѓу кандидатите има лекари не само од Куманово, туку и од Скопје, Крива Паланка и околните села.
Мислам дека предност ќе им се даде на специјалистите. Нашиот дел од работата го завршивме. Сите потребни информации ги дадовме на Министерството за здравство. Кандидатите ќе полагаат стручен дел и странски јазик во престојниот период. Кога луѓето ќе бидат примени на работа чекаме да одлучат и да ни дадат инструкции - вели директорот на Општа болница Куманово, Латиф Арифи.
И покрај петте нови работни места кои наскоро ќе бидат пополнети, кумановската болница повторно ќе има недостиг од кадар.