Конкурс за млади репортери
"Здружението за едукација, комуникација и консалтинг – ОХО" распишува конкурс на тема "Млади репортери за животната средина".
На конкурсот може да учествуваат средношколци, под менторство на наставниците од своите училишта.
Конкурсот е наменет за сите средни училишта од Рeпублика Македонија, кои се вклучени во првата и втората година од имплементацијата на програмата "Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем"
Заинтересираните ученици можат да учествуваат со новинарски статии, фотографии и видеа со што стануваат потенцијални учесници и на интернационалниот конкурс.
За учество на националниот и интернационалниот конкурс од Програмата, статиите може да се испраќаат статии, фотографии или видеа на следнава е-пошта: [email protected] најдоцна до 1-ви март 2012 година. За повеќе информации кликнете www.mladireporteri.wordpress.com.