Конкурс за наградување на еко училишта и еко градинки
24.09.2014 08:17
| KumanovoNews
Здружението на граѓани ОХО распишува конкурс за наградување на еко училишта и градинки за бронзено ниво, сребрено ниво и ниво на зелено знаме.
Услови за пријавување на конкурсот се: училиштето или градинката да се вклучени во една од трите учебни години во имплементација на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем и да имаат учествувано на сите обуки. Целосно да ги реализирале 7-те чекори еко-менаџмент со вклучување на децата, учениците, вработените и родителите. Да имаат потпишано Меморандум за соработка со општината и да ги имаат вметнато еко-стандардите во програмата за работа.
Најдоцна до 15 октомври воспитно - образовните установи можат да аплицираат електронски на www.nrp.org.mk.