Мени

Контрацепцијата не треба да се користи на своја рака

16.06.2012 10:39 | KumanovoNews

 Жените и младите девојки, кои користат анти-беби пилули треба да ги земаат исклучиво со препорака од гинеколог. Лекарите советуваат, пациентките да не земаат контрацептивни сретства на своја рака, а посебно не постарите жени кои можат да имаат несакани ефекти.

Контрацепцијата не треба да се користи на своја рака

  Треба да се види крвната слика, дали жената пуши и уште други работи, за да користењето на пилули не донесе штета. На пример ако жената има тумор, тој ќе се храни со хормоните и ќе расте. Стерилност не можат да предизвикаат, бидејќи истите таблетки се даваат за да го регулираат менструалниот циклус кај жената. Нема потреба да се прави пауза во земањето на таблетите. Граница порано беше 35 години, а сега има на пазарот и контрацептиви кои се ефикасни, на природна база па можеме жената да ја штитиме од несакана бременост до 50 - та година - вели Љупчо Атанасовски, гинеколог.

Овие таблети во аптеките се издаваат без лекарски рецепт, но гинеколозите не го оправдуваат тоа.

За многу жени анти-беби пилулите се табу тема, и сметаат дека можат да доведат до дебелеење, опаѓање на коса и слично. Гинеколозите велат дека ризик не постои ако таблетите правилно се употребуваат и редовно се прават прегледи. Лекарите беа критикувани дека многу ретко препишуваат орална контрацепција. Во Македонија само 1,6 проценти од жените користат пилули, додека на Запад таа бројка изнесува и до 50 насто. Објаснувањето на гинеколозите е дека контрацептиви треба да има на позитивна листа, како би биле подостапни за жените.