Мени

“Конзуларни денови“ во Куманово

02.07.2012 07:36 | KumanovoNews

 На 4 и 5 јули во просториите на Обединета српска заедница ќе престојува конзулот на Република Србија во Македонија со нејзините соработници, каде ќе примаат барања за српски државјанства.

“Конзуларни денови“ во Куманово

Сите заинтересирани граѓани можат да дојдат во предвидениот рок. На средбата ќе присуствуваат конзулот Драгица Јаниќ. Од Обединета српска заедница велат дека има голем интерес за поднесување на барања и добивање на државјанства на Р Србија.

Предходно граѓаните можат да дојдат во просториите на зедницата и да видат кои документи им се потребни за аплицирање на државјанство, па на денот кога ќе бидат тука претставниците на амбасадта само да ги поднесат- вели Часлав Јовановиќ, претседател на Обединетат српска зедница.

Просториите на Обединетата српска заедница се наоѓаат на улица „Доне Божинов„ бр.24, а работат од 9.30 часот до 18 часот.