Мени

Коридор за приоритетно движење на Табановце

17.10.2014 12:14 | KumanovoNews

Од 10 октомври стапи на сила протокол, донесен од повеќе институции, \nсо кој се олеснува и се забрзува протокот на жива стока, опасни материи и\n празни камиони на граничниот премин Табановце.

Коридор за приоритетно движење на Табановце

Според  протоколот, при излез од Република Македонија, секој ден, во периодот од 21 до 1 часот, се определува слободен коридор за приоритетно движење на спомената стока на Табановце. При влез во Република Македонија, раководителите на смена на полициските станици и царинските испостави на граничните премини се должни да обезбедат услови за приоритетно движење од граничната линија до царинскиот терминал и приоритетно спроведување на царинската постапка.

Истото важи и за граничен премин Богородица.