Мени

Корисници на Порака организирано до лични карти

26.07.2010 14:34 | KumanovoNews

 Лицата со посебни потреби сместени во Дневниот центар „Порака-наша„  организирано ќе извадат нови лични карти. Mинистерството за внатрешни работи издало оддоберение за групно вадење на  лични карти за специфичните категории на граѓани.

Корисници на Порака организирано до лични карти

 Мобилна екипа од  СВР Куманово сликањето ќе го изврши во дневниот центар. Со оглед на тоа дека има огромна труканица на шалтерите во СВР Куманово и таму не можат да се снајдат нашите корисници, ова решење е најприфатливо за нас- вели  Дејан Стојановски од Дневниот центар „Порака наша„.