Корисниците на социјално работат сезонски
Примателите на социјална парична помош имаат обврска во текот на месецот неколку дена да работат во јавните претпријатија задолжени за оддржување на јавните површини.
Во ЈП “Чистота и зеленило“ од пролет до есен се ангажираат 3-4 групи по 20 сезонски работници.
Меморандум за соработка имаме потпишано со Центарот за социјални работи. Оние кои добиваат социјална помош од државата оддржуваат зелено - цветни површини, јавни терени, метат, собираат смет, хартии, полеваат тревници. Иако не се стручни, при садење на борчиња ни помагаат и ние сме задоволни од нив. Претежно им даваме физичко мануелна работа. Ние не им плаќаме , туку им обезбедуваме храна и превоз - вели Благица Јовановска, раководител на техничко - технолошки сектор во ЈП “Чистота и зеленило“.
Веќе десетина години постои соработка помеѓу Центрите за социјална работа и јавните претпријатија кои ги користат социјалците за повремена работа.