Криумчарел лекови за да ги продава во аптека
28.05.2015 14:28
| KumanovoNews
Кумановец криумчарел лекови за да ги продава во својата аптека.
А.И.(41) од Куманово во јули лани за да заработи незаконски, набавил лекови од Косово, чиј промет е ограничен и не се регистрирани во регистар на лекови во Република Македонија. Избегнувајќи ја царинската контрола ги внел лековите во Македонија и планирал да ги продава во својата аптека.
Кумановската полиција против А.И. и приватната здравствена аптека „Шпенди Фарм“ поднесе кривични пријави за сторени кривични дела недозволена трговија и крумчарење.