Крсте Мисирков го прослави патронатот
Основното училиште „Крсте Мисирков„ со повеќе активности го одбележа патрониот празник. Во чест на 62 годишнината од постоењето, претсвници од повеќе училишта и институции од градот положија цвеќе пред бистата на Мисирков.
По оваа беше одржан митингот на поезијата на кој настапија ученици од повеќе училишта.Најзначаен настан за училиштето е отварањето на кабинетот по роботика, кој е опремен по најсовремените стандарди за изведување настава по предметот техничко образование.
Училиштето „Крсте Мисирков„ не само во изминатата година, туку и во претходните години успешно работи и постигнува резулати во сите области од образовниот процес. Наша заложба е да обезбдиме услови за квалитетна настава и профилирање кадри, кои полесно ќе се вклучат во натамошното образование и да одговарат на предизвиците во кои живееме. Потврда за тоа е новиот кабинет за роботика, проект кој го реализиравме со локалната самоуправа и УСАИД ,преку Пеп-програмата -изјави Александар Саздевски, директор на ОУ Крсте Мисирков,.
Учениците по техничко образование денска извршија презентација на лего-роботите кои претходно ги програмираа на комјутери, а подоцна ја испробуваа нивната функционалност.
Кабинетот е наменет за учениците од двете училишта што го користат истиот простор , опремен е со модрена технологија каде што ќе може да се изучуваат иновативните методи од областа на информатичката технологија, автоматизацијата на производството со роботите и електониката-вели професорката по техничко образование Јасмина Бошковска.
Проектот за кабинет по роботика е финасиран од УСАИД и за негова реализација се потрошени околу 8000 долари.