Крстот се фрлаше и во црквата Свети Никола
19.01.2012 17:14
| KumanovoNews
Во централниот храм „Свети Никола“ во Куманово, крстот го фати Никола Златановски (19), студент од Куманово. Тој се надева дека оваа година крстот, ќе му донесе среќа здравје и просперитет.
„Водици е празник кој се поврзува со крштевањето на Исус Христос во реката Јордан.Јован го крсти Спасителот и оттогаш тој се нарекува Крстител“ - вели свештеникот Жика Тодоровски од црквата Свети Никола.
На Златановски црквата му додели подароци, а икона доби од здружението "Коледари".
Празникот се нарекува уште и Водици заради големиот водосвет што го извршува Црквата на овој ден.