Мени

Крводарители ќе патуваат во Дојран

20.07.2012 08:29 | KumanovoNews

Вкупно 103 граѓани кои даруваа крв на 12 месецов, во недела ќе заминат на еднодневна екскурзија во Дојран.

Крводарители ќе патуваат во Дојран

Два автобуси ќе тргнат во шест часот наутро од пред хотел Кристал. Ваквите крводарителски акции се традиционални и се оддржуваат пет години по ред.

Имаше доста голем одзив на последнава акција. Можеби поттик им беше екскурзијата која ја организираме, но има и доста редовни крводарители. Во август ќе има уште една акција за давање крв, и тогаш се планира патување до Дојран - велат од Црвен Крст.

На 31 јули Црвен Крст Куманово ќе организира акција за дарување на крв.