Крводарителска акција на Мак-Петрол
09.11.2012 08:44
| KumanovoNews
На бензинската пумпа Мак Петрол, кај автопатот, денеска од 9 до 15 часот ќе се оддржи крводарителска акција.
Се повикуваат сите хумани граѓани, вработените,учениците да се вклучат во акцијата за дарување на крв.
Крводарителската акција ја организира општинска организација на Црвен Крст Куманово, која и претходно соработувала со Мак Петрол за вакви хумани акции.