Крводарителска акција ва Заводот за трансфузиологија
26.04.2012 09:54
| KumanovoNews
Во просториите на Заводот за трансфузиологија во Куманово, денеска и утре се спроведува крводарителска акција.
Акцијата ќе трае од 8 до 9 часот.
Се собира 0+ (нулта позитив) и 0-(нулта негатив) група.
Се повикуваат сите граѓаните кои се во можност да ја поддржат акцијата заради дефицитот на крв од оваа крвна група.
М.Г.