Мени

Kрвoдарителска акција во Коледарски клуб

08.10.2012 08:43 | KumanovoNews

 Здружението Коледари утре од 10 до 15 часот организира крводарителска акција во коледарскиот клуб во населбата Карпош.

Kрвoдарителска акција во Коледарски клуб

Крводарителската акција е традиционална и се одржува во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија Куманово. Здружението Коледарi последниве 10 години организирало над 30 успешни акции за дарување на крв. Од таму ги повикуваат граѓаните и утре да се приклучат на акцијата и заедно да се дружат.