Крводарителска акција во СДСМ
16.03.2010 08:37
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ во соработка со Црвениот крст и Заводот за трансфузиологија, денеска организира крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во просториите на СДСМ во зградата на Комитет со почеток во 14 часот.
Крводарителската акција се одржува по седми пат по повод 17 април, Денот на крводарителите.