Мени

Куќните совети бараат чистење покрај зградите

25.06.2012 12:20 | KumanovoNews

 ЈП “Чистота и зеленило“ досега постапило по 30 барања од куќните совети, а до средината на јули, треба да се чисти просторот околу 10 колективни згради.

Куќните совети бараат чистење покрај зградите

Рачно и машински се коси тревата меѓу зградите, се отстрануваат гранките, сметот се изнесува со превозни средства и се фрла. Досега е чистено во населбата „Гоце Делчев„, кај новите станбени комплекси на булевар „Октомвриска револуција„, во центарот на градот и зградите зад Монопол. Од ЈП “Чистота и зеленило“ објаснуваат дека имаат многу работа, а барање за чистење кај нив освен куќните совети можат да достават самоиницијативно и граѓани поединци. Ова претпријатие неодамна засади 500  рози на Градскиот Кеј.