Мени

КУД“Карпош“ врши упис на нови членови

02.09.2014 13:11 | KumanovoNews

Културно - уметничкото друштво “Карпош“ до 1 октомври врши упис на нови членови.

КУД“Карпош“ врши упис на нови членови

Сите заинтересирани можат да се пријават во просториите на друштвото во населба Карпош на улица „11“, во простории зад црквата „Св.Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане и во училиштето во Агино Село.

Ќе има аудиција да се провери ритам, рамнотежа, музикалноста, како ги играат одредни ора. Можат да се пријавуваат во просториите каде имаме проби на трите локации од 7 па до 77 години што би се рекло - вели Перица Димковски, кореограф во друштвото.

Ансамблот засега има вкупно 150 члена и се очекува со прием на новите членови да имаат близу 250 играорци.