Мени

КУД “Панче Пешев“ запишува нови членови

31.08.2012 08:21 | KumanovoNews

 До 18 септември КУД “Панче Пешев“ има отворен конкурс за прием на нови членови. Во училиштата ќе бидат поделени флаери, а љубителите на фолколорот можат да се зачленат во друштвото без разлика на годините.

КУД “Панче Пешев“ запишува нови членови

Имаме група за мали и за повозрасни членови. Има повеќе секции и можат да се пријават сите кои имаат афинитети кон играње, свирење на изворни или други народни инструменти како кларинет, харомника или пак соло пеење. Ние кандидатите не ги ограничуваме во поглед на возраста, но најдобро е децата во шесто или седмо одделение, во тој период да почнат да се занимаваат со фолклор - вели Мирослав Крстевски, директор на КУД“Панче Пешев“.

Дополнително ќе има аудиција и ќе се направи избор на најдобрите кандидати. Секоја година КУД“Панче Пешев“ врши упис на нови членови за да има подмладок во ансамблот.