Мени

Кумановци ќе помогнат на поплавените во Струга

12.03.2010 15:53 | KumanovoNews

Две лица со два камиона и пумпи за црпење на вода, денеска заминале во Струшкиот регионот за да помогнат во справување со поплавите што ги предизвика Охридското езеро.

Кумановци ќе помогнат на поплавените во Струга

Оваа помош не е многу голема, но сепак е значајна и добронамерна и со задоволство прифатени од нашите колеги - рече Драган Димковиќ, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување во Куманово.

Ова не е првпат вработени од дирекцијата да се испраќаат на испомош во загрозени подрачја, минатиот месец стручна екипа  учествуваше во справување со полавите во Албанија.

А.И.