Мени

Кумановци ги заменуваат старите здравствени книшки

20.07.2012 08:48 | KumanovoNews

Во Куманово се поднесени 67.878 барања за замена на здравствените книшки со електронски картички. Од наредната година ќе профункционираат електронските здравствени картички. Во нив ќе се евидентираат прегледите.

Кумановци ги заменуваат старите здравствени книшки

Овие картички ќе се користат при секоја посета на лекар, набавка на лекови и други медицински помагала.

За да поднесат барање граѓаните треба да пополнат формулари, да достават фотокопија од лична карта, фотокопија од извод или од венчаница. Издавањето ќе чини 250 денари. За пензионерите со примања до 15.000 денари, за самохраните родители и малите деца ќе чини 100 денари, а за социјалците ќе биде бесплатна. Граѓаните треба да внимаваат да не ги изгубат картичките, во спротивно ќе платат уште 250 денари.

Старите здравствени книшки ќе важат до средината на 2014 година.