Кумановци немаат здравствена култура
Граѓаните на Куманово одат на лекар и го контролираат нивното здравје само кога се болни. Во сите други случаи, немаат навика, ниту медицинска култура за редовни проверки и консултации за здравствената состојба на организмот.
До овие податоци дошле учениците од здравствена струка од ОСТУ “Наце Буѓони“, кои по повод Ден на здравјето, спроведоа анкета колку граѓаните се грижат превентивно за нивното здравје.
Од вкупно 37 анкетирани граѓани на просечна возраст од 40 – 70 години констатирано е дека:
-Крвниот притисок редовно го проверува 21 испитаник, додека 16 од нив само кога одат на лекар или на систематски преглед,
-Преглед на срце и крвните садови направиле 21 испитаник (поради проблеми и моментални заболувања), додека 16 не направиле,
-Телесната тежина редовно ја мерат 22 испитаника, додека другите 16 не водат сметка за тоа,
-Урината половина од испитаниците редовно ја проверуваат, а половина од нив ретко вршат ваква контрола
-Редовни годишни контроли на заболекар направиле 20 испитаника, додека другите 17 немаат навика да ги контролираат своите заби, одат на забар само по потреба,
-Очниот лекар во последнава година го посетиле само 7 испитаника додека 30 од нив иако некои имаат потреба за тоа не го посетиле
-Преглед на стапалата направиле 10 испитаника додека 27 не, бидејки досега немале потреба за тоа,
-HbA1c тест направиле 10 од испитаниците додека 27 никогаш го немаат направено,
-Консултација со матичен лекар за заштита од инфекции направиле 21 испитаник, а 16 не бидејќи кога одат на лекар се интересираат само за проблемот што го имаат во тој момент.
Од одговорите на испитаниците се гледа дека повеќето не се грижат доволно за нивното здравје, од оние што му го посветуваат потребното внимание.