Кумановци повеќе се раѓаат, помалку умираат
Според податоците на Државниот завод за статистика, природниот прираст во четвртото тримесечје од 2011 година во Куманово бележи позитивен тренд од 34 лица.
Во последните три месеци од мината година во Куманово се родиле 308 деца, а починале 274 лица. Во истиот период во 2010 година имало 355 новородени и 258 починати.
Во општината Липково природниот прираст за три месеци е 44 лица. Се родиле 89 деца, а починале 45 лице, додека во истиот период во 2010 година се родиле 99 бебиња, а починале 40 лица.
Негативен тренд бележи Општината Старо Нагоричино од -2 лица, има 18 новородени деца, а 20 умрени жители. Во однос на 2010 за трипати е зголемен бројот на новородени, а бројот на умрените е ист.
Генерално бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2011 година во Македонија, е намален за 4.7% и изнесува 5.492 живородени деца. Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2011 година бележи зголемување од 0.8% во споредба со истиот период од 2010 година и изнесува 4 937 лица, а од нив 30 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 555 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица, соопшти Државниот завод за статистика.