Мени

Кумановци се поклонија на Карпош

07.02.2012 11:57 | KumanovoNews

 Пред спомен куќата на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош денеска беше одбележана 68 годишнината од неговото загинување.

Кумановци се поклонија на Карпош

На бистата на Карпош цвеќе положија представници на Сојузот на борците,  локалната самоуправа, политички партии и невладини организации.

За делото на Карпош зборуваше Душко Јовановски, учесник во НОБ, кој ја потенцираше храброста на младиот борец во борбите против фашистичкиот окупатор и домашните предавници.

"Беше член е на првиот кумановски одред, стана партизан на 11 октовмри 1941 година, а беше убиен од бугарскиот окупатор на 7 февруари 1944 за време на нападот на бугарското упориште во село Биљача, Прешевско. Неговата храброст треба да биде поттик и за младите генерации"-рече меѓу другото Јовановски.