Кумановци се вклучија во акцијата „Македонија без отпад„
На повеќе локации во градот денеска се спроведе акцијата „Македонија без отпад„ организирана од коалицијата на невладините организации „Ајде Македонијо„.
Во акцијата учествуваа претставници од Општината Куманово, Центарот за управување со кризи, ученици од основните и средни училишта, градинката „Ангел Шајче„, ЈП „Чистота и Зеленило„ како и поголем број на граѓани.
Акцијата се одвиваше на територијата на општина Куманово паралелно на неколку локации: на улицата ЈНА во близина на Зелениот пазар, дивата депонија на улица Ѓорче Петров, шеталиште покрај реката Кумановка, училишните дворови и дворните површини на детската градинка Ангел Шајче. Акцијата започна во 08 часот и траеше до 11 часот.- изјави Бобан Бојковски, инспектор за животна средина во Општина Куманово.
Во акцијата се вклучиле околу 600 граѓани и при тоа биле собрани 4 камиони (околу 16 м3) мешан комунален от