Мени

Кумановци со посебен воз на „Пиво фест„

13.07.2010 07:36 | KumanovoNews

 Организаторите на манифестацијата “Пиво фест„ во Прилеп, во соработка со „Македонски железници„ на 17 и 18 јули пуштаат во сообраќај еден пар посебни возови на релацијата Куманово - Скопје - Велес - Прилеп.

Кумановци со посебен воз на „Пиво фест„

 Возот од Куманово ќе поаѓа во 10.20 часот, а во обратен правец од Прилеп поаѓањето е 1,30 часот за да пристигне во 4,10 во Куманово. На годинешниов „Пиво фест„ настапуваат познати музички имиња и групи, а звезда на манифестацијата е балканската фолк пејачка Светлана Ражњатовиќ- Цеца.