Кумановци за Први мај на пикник во Студена вода
Асоцијацијата на невладини организации организира културно-уметничка програма, настап на повеќе трубачки оркестри и општонародна веселба, а ќе има натпреварувања во традиционалните кумановски игри.
Граѓаните на Куманово, празникот на трудот Први мај ќе го прослават на излетничкото место Студена Вода во селото Добрешане. Во организација на Асоцијацијата на невладини организации, прославата ќе виде збогатена со културно-уметничка програма, настап на повеќе трубачки оркестри и општонародна веселба, а ќе има натпреварувања во традиционалните кумановски игри.
Овој пикник го организираме четврта година по ред за граѓаните на Куманово. Сите кои сакаат да дојдат и да поминат еден убав ден во природа обезбедивме и бесплатен превоз со автобус. Поаѓањето е во 10.30 часот, пред зградата на Комитет и на почетокот булеварот „Октомвриска револуција„- вели претседателот на Асоцијацијата Киро Соларски.
Организирањето на првомајски пикник на Студена Вода на традиционалното излетиште на кумановци е возобновена по повеќе годишен прекин и наиде на одличен прием кај граѓаните. Поготово се задоволни повозрасните, кои се сеќаваат на некогашните масовни прослави на ова место. Мината година одзивот беше многу голем, а организаторите очекуваат да се повтори и годинава.